Skip to content

About Faculty
Оглас за стипендии | Print |
There is no translation available at this moment
Врз основа на склучениот Меморандум за соработка потпишан на 15.8.2018 година помеѓу Д.Т.П.У. 5 ЛЕТЕРС ДОО РЕСЕН и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, се објавува

  ОГЛАС

за доделување стипендии на студенти од прв циклус студии  


Д.Т.П.У. 5 ЛЕТЕРС ДОО РЕСЕН
година доделува две (2) стипендии на студентите запишани во учебната 2018/2019 на прв циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на следните студиски програми:
Поледелство  (една стипендија)
Квалитет и безбедност на храна  (една стипендија)  

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1.  Да има завршено средно образование;
2.  Да е државјанин на Република Македонија;
3. Да биде рангиран на листата за прием на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, како редовен студент во државна квота на студиска програма Поледелство или Квалитет и безбедност на храна;  

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

1.  Пријавен лист (формулар достапен копирницата на Факултетот);
2.  Документација за завршено средно образование (свидетелства од прва до четврта година, диплома за положена дравна матура, документ за државјанство и извод од матична книга на родени);
3. CV на македонски јазик;
4. Изјава дека не се корисници на друга стипендија во вид на школарина/ партиципација од друга институција.  

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина/партиципација за студирање во учебната 2018/2019 година во висина од 200 евра;
Студентите добитници на предвидената стипендија потребно е континуирано да ги следат студиите и редовно да запишуваат нареден семестар/година на студирање, како и да посетува практичната настава во фирмата - спонзор (Д.Т.П.У. 5 ЛЕТЕРС ДОО РЕСЕН).  

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од прв циклус е 6.9.2018 година, за кандидатите кои ќе се пријават во првиот уписен рок. Доколку стипендиите не бидат доделени во првиот уписен рок, истите се пренесуваат во вториот/третиот уписен рок, со краен датум за пријавување на 18.9.2018 година за вториот, односно 27.9.2018 година за третиот уписен рок. Документите може да се достават во архивата на Факултетот.
Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју од страна на Д.Т.П.У. 5 ЛЕТЕРС ДОО РЕСЕН и претставници на Деканатот на ФЗНХ.
 
< Prev   Next >

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Laboratories

Laboratory list

Centers

Career Center

Акредитации

Акредитации

Accreditation certificate

СЕРТИФИКАТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА БР. ЛТ-о5о, за исполнетост на стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006

pdf Сертификат за акредитација 2018

pdf Прилог кон сертификатот lt-050-2018
We have 3 guests online

Poll

What do you think about this page?
 

Contact and location

Contact and Location

100 год. Академик Филиповски

  • Филиповски
  • Филиповски
  • Филиповски
  • Филиповски
  • Филиповски
  • Филиповски

Info-Public Information

Public Information

Еразмус

Уписи - III Циклус 2018/19

Информатори за студиски програми


За сите идни студенти!!! повеќе информации за наставни програми:

Evaluation

Evaluation

JAFES

jafes_baner.png



opitnopole.png

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3255100
Факс +389 2 3134310
Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ