Студии
Поледелска насока | Поледелска насока |
|
СТУДИСКА ПРОГРАМА НА ПОЛЕДЕЛСКА НАСОКА
Предмет: ФИЗИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈАТА (ЗФ00209)
Семестар и број на часови: IV, 2+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф.д-р Видоја Трпески проф.д-р Иван Ангелов Цел на предметот:
Запознавање со некои физиолошки процеси од животно значење за растенијата, енергетски богати органски соединенија, нивна биосинтеза, управување сопроцесите за поцелосно и поквалитетно примарно земјоделско производство.
Содржина на теоретскиот дел на предметот:
Вовед и значење на предметот. Одбрани поглавја од физиологија на растенијата. Хемиски состав на растенијата. Водни режим во растенијата (примање, облици, фактори, движење и испуштање). Фотосинтеза (фотосинтетски пигменти, биосинтеза на хлорофил и каротиноиди). Механизам и хемизам на фотосинтезата. Темна фаза на фотосинтезата. Трансфер на јагленохидрати во растенијата. Биосинтеза на скроб, сахароза и пентози. С-4 фотосинтеза. Усвојување на СО2 концентрација, специфики, фактори и управување со фотосинтезата. Фотосинтеза и приноси. Дишење: супстанции, хемизам и механизам на дишењето. Фази и процеси на дишењето (I и II фаза). Кребсов циклус. Трансфер и енергија при дишењето. Фактори на дишењето. Взаемно дишење и фотосинтеза. Физиолошки активни материи во растенијата. Физиологија на семето и плодовите: Хемиски состав. Физиолошки процеси при чување. Мирување. Физиолошки енергетски процеси при бабрење и р'тење на семето. Фактори на р'тењето (хемиски и физиолошки). Отпорност на растенијата на надворешни фактори: Висока температура. Сушење. Соли. рН реакција. Анаеробни услови. Физиолошко-биохемиски основи на отпорност на растенијата на: Болести. Штетници. Хербициди. Загаден воздух.
Содржина на вежбите:
Квантитативна анализа на основните компоненти во растенијата: слободна, хигроскопна и вкупна вода. Суви материи. Вкупни минерални материи. Вкупни органски матерр. Квантианализа на азот во растенијата. Белковини. Целулоза. Скроб. Масла. Витамин С. Киселини и пигменти на хромотогравска хартија. Дифузија и осмоза. Траспирација и гутација. Ензими. Вегетивна разможување на растенијата. Литература: М. Јекиќ (1983): Агрохемија I дел (елементи на физиологија на растенијата, универзитет Кирил и Методиј - Скопје. M. Sarić i sar. (1989): Fiziologija biljaka, Naučna knjiga-Beograd. Р. Групче (1986): Ботаника, Универзитет Кирил и Методиј - Скопје. M. Sarić i sar. (1978): Praktikum iz fiziologije biljaka, Univerzitet Novi Sad. Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: СИСТЕМАТИКА НА ПОЧВИТЕ- ИЗБОРЕН (ЗФ00210)
Семестар и број на часови: IV, 2+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Јосиф Митрикески Цел на предметот: атеријата која е опфатена во овој предмет има цел да ги воведе студентите во познавањето на класификационите системи на почвите кои постојат во светот и деталното запознавање со нашите почвени типови. Содржина на теоретскиот дел од предметот: Систематика на почвите како природна наука. Поважни класификациони системи во светот. Морфологија на почвите. Систематика на почвите во Р Македонија. Оддел на автоморфни почви. Класа неразвиени почви, типови: сирозем врз растресит супстрат, камењар, еолски песок, делувијална почва. Класа на хумусно-акумулативни почви, типови: варовничко-доломитна црница, рендзина, хумусно-силикатна почва, смолница, чернозем. Класа на камбичнии почви, типови: кафеава шумска почва, циметна шумска почва, кафеава почва врз варовници и доломити, црвеница.Класа на елувијално илувијални почви, типови: лесивирана почва, кафеава подзолеста почва, подзол. Класа на антропогени автоморфни почви, типови: риголована почва, градинарска почва, почви на депониите. Оддел на хидроморфни почви: Класа на неразвиени почви, тип: алувијална почва. Класа на ливадски почви, тип: ливадска почва. Класа на псевдоглејни почви, тип: псевдоглеј. Класа на глејни почви, типови: хидрогена црница, мочурливо глејна почва, псевдоглејно-глејна почва. Класа на тресетни почви, типови: висок тресет, низок тресет, преоден тресет. Класа на антропогени хидроморфни почви, типови: риголувана тресетна почва, оризна почва, хидромелиорирани хидроморфни почви. Оддел на халоморфни почви: Класа на акутно засолени почви, тип: солончак. Класа на солонечни почви, тип: солонец Оддел на субаквални почви: Класа на неразвиени почви, тип: протопедон. Класа на развиени почви, типови: гитја, дај, сапропел. Класа на антропогени почви, типови: одводнет сапропел, одводнета гитја. Содржина на вежбите: Проучување на внатрешната и надворешната морфологија на почвите. Запознавање со генетските хоризонти и нивните симболи. Детерминирање на секој тип од нашата класификација. Користење на нагледни средства: слајдови монолити. Филмови. Литература : Malcolm E. Sumner, Editor-in Chief.1999: Handbook Of Soil Science. CRC Press. Boca Raton-London-New York- Washington, D.C. Митрикески Ј., Миткова Татјана 2001: Практикум по педологија, Скопје Филиповски Ѓ. 1993: Педологија, четврто издание. Универзитет "Кирил и Методиј", Скопје. Филиповски Ѓ. 1995, 1997, 1999, 2000: Почвите на Република Македонија, Том I, II, III, IV, V. МАНУ, Скопје. Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и устен
Предмет: ПОЧВЕНА МИКРОБИОЛОГИЈА- ИЗБОРЕН (ЗФ00208)
Семестар и број на часови : IV, 2 + 1 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф.д-р Југолсав Зибероски доц. д-р Владимир Какуринов Цел на предметот: Предметот има за цел да овозможи на студентите да се запознаат со улогата на микроорганизмите во почвата. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Алкохолна ферментација.Млечно-киселнска ферментација. Пропионска ферментација. Маслена (бутерна) ферментација. Оцетна ферментација. Лимунско-оксална ферментација..Хумификација на органските остатоци: Органски остатоци во почвата.Видови на хумификатори. Услови во почвата за хумификација. Дехумификација во почвата. Анаеробно разлагање на органските остатоци во почвата: (целулозна, и пектинска ферментација. Аеробно разлагање на органските материи во почвата (на целулозата, хемицелулозата, лигнинот и масните материи). Амонификација во почвата (на белковини, уреа, уринската и хипоуринската киселина). Азотофиксација. (слободна и симбиотичка). Кружење на сулфурот, фосфорот и железото во природата Микробиологија на арското ѓубре (зреење) и компостот. Микробиолошки ѓубрива- биопрепарати. (нитрагин, азотобактерин, хумиворин, фосфобактерин). Улога на микроорганизмите за плодноста на почвата: Микроорганизми како индикатори за плодноста на почвата; Микробиолошки методи за одредување на растителните асимилативи во почвата. Микроорганизми и агротехнички мерки: (редовни агротехнички мерки и агоромелиоративни мерки. Конзервирање на храна (биозана, анабиоза, Ценаанабиоза и абиоза. Силажирање. Улога на микроорганизмите во современа војна.
Содржина на вежбите:
Микроскопирање на квасци. Микро-скопирање на млечнокиселински бактерии. Микроскопирање на масленокиселински бактерии. Микроскопирање на анаеробни и аеробни целулозни бактерии; Микроскопирање на оцетни бактерии. Определување на број на микроорганизми во почвата. Микросопирање на амонификатори; слободни азотофиксатори. Метод на вкалапена почва. Микроскопирање на симбиотички азотофиксатори. Микроорганизми како индикатори; Антибиограм; Влијание на хемиските средства Литература: Мицев Н. 1988 : Микробиологија, Издание на Универзитетот, Скопје Мицев Н. 1978: Земјоделска микробиологија. Издание на Универзитетот, Скопје. Зибероски Ј. 1994: Микробиологија. Наша книга, Скопје Тешиќ Ж. 1986 Микробилогија земљишта. Пољопривредни факултет Београд Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: ОПШТО ПОЛЕДЕЛСТВО (ЗФ00211)
Семестар и број на часови: IV со 3+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. Д-р Ташко Костов асс.м-р Звонко Пацаноски Содржина на теоретскиот дел од предметот: Вовед. Основни карактеристики на растителното производство. Земјоделски производен простор и е лементи. Фактори на надворешната средина (агроеколошки фактори): светлината, топлината, водата и воздухот како агроеколошки фактори.Почвата како вегетациона средина. Општи законитости во делувањето на надворешната средина Обработка на почвата: причини и цел на обработката на почвата. Промени кои настануваат во почвата под влијание на обработката. Начини на обработка на почвата:основна и дополнителна обработка. Системи на обработка на почвата: поим и класификација на системите. Плодоред: поим и дефиниција. Елементи и структура на плодоредот. Значење на плодоредот. Класификација на плодоредите. Составување на плодоред. Семе и сеидба: семе, дефиниција и својства. Квалитетни својства на семенскиот материјал. Припремање на семенскиот материјал за сеидба. Време, начин и длабочина на сеидбата. Норма семе за сеидба. Плевели и борба против нив:основни карактеристики на плевелите и мерки за сузбивање. Сузбивање на плевелите во стопански позначајни поледелски и градинарски култури. Содржина на вежбите: Исптување квалитетните својства на семенскиот и посадочниот материјал (чистота, 'ртливост, апсолутна и хектолитарска маса, влажност, стакленост, стопанска вредност и сл.). Запознавање и детерминирање на околу 60 видови плевели. Земјоделска оценка на климата. Лангеов врнежен фактор. Индекс на суша по Де Мартон. Хидротермички коефициент по Сељанинов. Климадијаграм по Валтер. Одредување на температурни прагови за почетокот и крајот на вегетацијата. Составување на плодоред. Оценување квалитетот на орањето. Литература: Т. Костов: Општо поледелство со (авторизирани предавања). Земјоделски факултет, Скопје, 2001, Т. Костов:
Општо поледелство со агроекологија (практикум). Земјоделски факултет, Скопје, 1994, И. Молнар: Опште ратарство. Пољопривредни факултет, Нови Сад, 1995, В. Михаљиќ: Опќа производња биља. Шкољска књига, Загреб, 1976, Т. Шариќ : Општо ратарство. Пољопривредни факултет, Сарајево, 1983
Начин на полагање на предметот: Се доставува хербарска збирка, а потоа се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: МЕЛИОРАЦИИ СО ЗАШTITA ОД ЕРОЗИЈА - ИЗБОРЕН (ЗФ00343)
Семестар и број на часови: V, 3+2 часа, 6 кредити
Наставници и соработници: проф. д-р Ацо Гичев
доц. д-р Марија Вукелиќ-Шутоска Цел на предметот:Предметот ги воведува студентите во основите во областите на хидрологијата и хидрауликата и дава основни знаења за согледување на проблемите во мелиорациите и во заштитата на земјоделските земјишта од ерозија. Ги содржи и сите потребни елементи кои се користат во практиката, а при решавањето на овој вид проблематика. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Историјат и денешната состојба на мелиорациите. Основи на хидрологијата Кружење на водата во природата и воден биланс. Поделба на водите според местото на нивното наоѓање во природата. Хидрологија на почвата. Движење на водата во почвата и водоспроводниците. Основи на хидрауликата. Хидрометрија. Хидростатички закони и поими. Хидродинамика. Водоспроводници и начин на пресметка на елементите на нивниот протекувачки профил. Одводнување. Дефиниција и задача на одводнувањето. Негативни аспекти на прекумерното влажење и замочурлување на почвата. Позитивни аспекти на одводнувањето на почвата. Утврдување на потеклото на прекумерната влажност на почвата. Составни делови и општа диспозиција на одводните системи. Начини на одводнување. Одржување и експлоатација на одводните канали. Билансирање на потребите од вода во фаза на проектирање. Општа шема на системот за наводнување. Извориште и зафат на вода. Употреба на подземната вода за наводнување. Методи на наводнување и нивна техничка примена. Нови диспозитиви со цел да се симплифицираат технологиите на наводнувањето. Мелиорации на солени почви. Заштита од ерозија во поледелството. Дефиниција на ерозијата и на конзервацијата. Видови на ерозии. Штети од ерозијата. Фактори од кои зависи појавата и големината на ерозијата. Распознавање на ерозијата. Мерки за борба против ерозијата на водата-конзервациони мерки. Заштита од иригациона ерозија. Одбрана од поплави и влијанието на конзервацијата врз намалувањето на поплавите. Еолска ерозија. Содржина на вежбите: Се состојат од аудиторни вежби и изработка на индивидуални задачи и програми. Литература:
А.Гичев: Мелиорации со заштита од ерозија.- Скопје, 1997; А.Гичев,
М.Вукелиќ-Шутоска, Н.Георгиев: Практикум по мелиорации со заштита од ерозија.- Скопје, 2000. Начин на полагање на предметот: Се изведува усмено откако позитивно ќе се оценат програмите и се добие позитивна оценка на колоквиумот.
Предмет: НАВОДНУВАЊЕ (ЗФ00301)
Семестар и број на часови: V, 3+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Илија Иљовски пом.асс. Вјекослав Танасковиќ Цел на предметот: Ги запознава студентите со една основна мерка - наводнувањето. Студентите се обучуваат за да дадат одговор на трите основни прашања во наводнувањето: кога да се наводнува, колку вода да се даде и на кој начин. Покрај тоа се запознаваат со соодносот почва:вода:растение и нивните меѓусебни влијанија.
Содржина на теоретскиот дел на предметот:
Вовед. Значење на наводнувањето во поледелството. Наводнувањето во светот и Р. Македонија. Принципи на наводнувањето: Фактори кои ја условуваат потребата од наводнување - климатски, почвени, вид на култура, вегетационен период, економски услови. Суша, видови суша, штети и борба против сушата. Воден режим на растенијата во услови на наводнување. Евапотранспирација (потенцијална, максимална, реална, референтна). Директни и индиректни методи за определување на евапотранспирацијата. Воден биланс. Вода-принос-квалитет. Водно-физички својства на почвата значајни во практиката на наводнувањето. Водни константи на почвата, методи за определување, инфилтрација, филтрација и примена во наводнувањето. Квалитет на водата за наводнување. Критериуми и методи за класификација, значење за квалитетот на производите, здравјето на луѓето и животната средина. Определување на влажноста на почвата и времето на залевањеи времето на залевање. Директни и индиректни методи, определување на нормата на наводнување и залевање. Принципи за составување на календар на залевање и хидромодул. Техника на наводнувањето-Примена на одделни начини на залевање и наводнување (површинско-гравитациски, дождење, подземно, капково, фертиригација - микронаводнување). Иригациона ерозија. Наводнување со специјална цел (одбрана од мразеви, квалитет на плодовите, обојување, освежување). Уреди за наводнување, основни карактеристики и експлоатација. Наводнување на поледелските култури-Наводнување на житните култури. Наводнување на фуражните култури и тревниците, Наводнување на индустриските култури, Наводнување на тутунот, Наводнување на клубенестите култури.. Наводнување на втори култури. Содржина на вежбите: Класификација на водите за наводнување со практични примери. Пресметка и определување на евапотранспирацијата, нормата на наводнување и нормата на залевање. Календар на залевање и хидромодул. Практична примена на начините на наводнување и залевање. Пресметка и определување на времето на залевање. Интензитет спрема инфилтрација и филтрација. Литература: Иљовски И (1992) Наводнување, скрипта, Скопје. Бошњак Ѓ. (1999) Наводњавање пољопривредних усева, Универзитет у Новом Саду, Пољопривредни факултет, Нови Сад, Драговиќ С. (2000) Наводњавање, Научни институт за ратарство и повртарство, Нови Сад, Стојиќевиќ Д. (1996) Наводњавање пољопривредног земљишта, Партенон, Београд, Nielsen D. (editor) at all. (1990) Irrigation of Agricultural Crops, ASA, Medison Начини на полагање на предметот: Се полага после утврдување на знаењата од практичниот дел на на предметот.
Предмет: ИСХРАНА НА РАСТЕНИЈАТА (ЗФ00302)
Семестар и број на часови: V, 3+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р. Видоја Трпески доц. д-р Марина Стојанова Цел на предметот:Студентите добиваат фундаментални знаење за плодноста на почвата со хемиски елементи за исхрана на растенијата, начинот на исхрана, ѓубривата и ѓубрењето, како и улога на хемиските елементи во растенијата. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Општ дел: Вовед и значење на предметот. Некои својства на почвата од аспект на ѓубрење и исхрана на растенијата. Богатство и плодност на почвата со хемиски елементи. Макробиогени хемиски елементи во почвата: (N, P, K, Ca, Mg, S), посебно за извори, облици, количини и губитоци. Микробиогени хемиски елементи во почвата: (Fe, Mn, Zn, Cu, B, Co, Mo), посебно за извори, облици, количини и губитоци. Други хемиски елементи во почвата (корисни и токсични). Минерални ѓубрива: општо значење кај нас и во светот и поделба. Азотни ѓубрива, посебно по видови за: добивање, својства, примена, дејство во почвата. Фосфорни ѓубрива: видови и посебно за: добивање, својства, примена и дејство во почвата. Калиеви ѓубрива: видови и посебно за: добивање, својства и дејство во почвата. Калциеви ѓубрива: видови, својства и примена. Ѓубрива на хемиските елементи: Mg, S, Fe, Zn, Cu, B, Co и Mn, посебно видови и примена. Сложени NPK - ѓубрива: поделба, добивање, својства и примена. Фолијарни ѓубрива: поделба и начин на примена. Органски ѓубрива: видови и посебно за добивање, својства, чување и примена. Специјален дел за поледелци и градинаро цвеќари Ѓубрење и исхрана на поледелски, градинарски култури и цвеќарски видови. Значење, принципи и системи на ѓубрење: Ѓубрење на житни и зрнести култури; Ѓубрење на индустриски култури; Ѓубрење на фуражни култури; Ѓубрење на градинарски култури; Ѓубрење на тревници, ливади и пасишта; Ѓубрење на цветни видови; Фолијарно ѓубрење; Ѓубрење во хидропони; Ѓубрење со наводнување; Ѓубрење со затревување (зелено ѓубрење). Пресметки на дози ѓубрива на база параметри на ѓубрење.Физиологија на минералната исхрана: Значење, теории за примање јони од почвата. Исхрана со макробиогени хемиски елементи: N, P, K, Cu, Mg, S, потреби, количини, физиолошко-биохемиска улога и симптоми кај соодветните земјоделски култури. Исхрана со микробиогени хемиски елементи: Fe, Mn, Zn, Cu, B, Co, Mo, потреби, физиолошко-биохемиска улога и симптоми од дефицит и вишок кај соодветните култури. Содржина на вежбите: Лабораториски дел: Анализа на плодност на почвата со N, P, K. Анализа pH на почвата. Анализа на минерални ѓубрива: физички својства и хемиски својства (pH, N, P, K и др.). Теренски дел: Начини на земање почвени проби и проби од ѓубрива за хемиски анализи. Теренска анализа на плодноста на почвата со N, P, K, pH, CaCO3. Визуелни дијагнози од дефицит и вишок на хемиските елементи во растенијата. (хлорози, некрози и сл). Литература: М. Јекиќ (1985): Агрохемија I и II дел, Универзитет Скопје; Ж. Поповиќ (1989): Агрохемија, Универзитет-Белград; В. Трпески, (1997): Агрохемија со физиологија и исхрана на растенијата-интерна скрипта, Земјоделски факултет Скопје. Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: ПРОИЗВОДСТВО НА ТУТУН (ЗФ00303)
Семестар и број на часови: V, 4+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Симеон Карајанков доц. д-р Златко Арсов Цел на предметот: Предметот ја разработува проблематиката на производството на тутун, растот и развитокот на тутунското растение, при што се опфатени сите фази и операции од сеидбата на тутунското семе па до откупот на тутунот, а студентите добиваат основа за наредната фаза, обработка на тутунот. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Стопанско значење, потекло, историјат и употреба на тутунот. Ботаничка, индустриска, технолошка класификација на тутунот. Услови за развиток на тутунот. Органографија и морфологија. Биолошки карактеристики. Типови на тутун во соседните земји и светот. Типови и сорти на тутунот во Р. Македонија. Физиолошки и биохемиски промени на тутунското растение во текот на неговиот развој. Агротехника и производство на расад. Садење и нега на тутунот. Зреење и промени на поважните биохемиски соединенија во текот на зреењето на листот. Берба и нижење. Сушење, начини и методи на сушење. Чување на исушениот тутун. Домашна манипулација и подготовка на тутунот за откуп. Селекција, одржување на сортите, машкостерилни сорти и производство на семе. Кооперативни односи во производството на тутун.
Содржина на вежбите:
Распознавање на поважните типови на тутун. Распознавање на сортовите белези на тутунот. Определување на квалитетните својства на тутунското семе. Пресметување на потребното количество на семе и површина на тутунски леи за 1 ha површна во зависност од типот на тутунот. Распознавање на инсерциите. Запознавање со поважните повреди, болести и штетници кај тутунот. Литература: 1. Наумоски К., Карајанков С., Боцески Д., Ачкоски Б. 1977. Современо производство на тутун, Скопје;
2. Узуноски М. 1985. Производство на тутун, Скопје;
3. Hawks N.S.,Collins K.W. 1994. Načela proizvodnje virginiskog duhana, CERES, Zagreb
Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и усмен испит.
Предмет: МЕХАНИЗАЦИЈА ВО ПОЛЕДЕЛСТВОТО (ЗФ00304)
Семестар и број на часови: V, 3 + 2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Драги Таневски Цел на предметот : Задача и цел на наставата на овој предмет е студентите да ја осознајат и совладат техниката и техничките решенија во изведувањето на сите важни работни операции во поледелското производство. Покрај тоа, да ја совладат практичната примена, правилното користење и нивната визија на развитокот на средствата на механизацијата во поледелството. Содржина и теоретски дел на предметот : Вовед. Машини и орудија за обработка на почвата. Машини за ѓубрење. Машини за сеидба, садење и расадување. Машини за заштита на растенијата. Машини и уреди за наводнување. Машини за прибирање на фуражните култури. Машини за жетва и вршидба. Машини за берба на пченка. Машини за чистење, сортирање и сушење на зрното. Машини за вадење на шеќерната репа. Машини за берба на влакнодајни култури. Машини за берба и нижење на тутун. Транспортни средства во земјоделството. Содржина на вежбите: Практично вежбање со машините. Запознавање со работните делови, регулација, неисправности и пресметки според тематските целини.
Литература:
Механизација на поледелското производство. Д.Таневски, Просветно дело - Скопје. 2001.
Начин на полагање на предметот: Студентите стекнуваат право на испит ако претходно имаат положено колоквиум. Испитот е устен.
Предмет: СОВРЕМЕНИ ГЕНЕТСКИ МЕТОДИ ВО ПОЛЕДЕЛСТВОТО И ГРАДИНАРСТВОТО - ИЗБОРЕН (ЗФ00305)
Семестар и број на часови: V, 2+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Цане Стојковски, проф. д-р Соња Ивановска, асс. м-р Љупчо Јанкулоски Цел на предметот: Предметот ги воведува студентите во современите методи во генетското инженерство и примената на истите во базичните и апликативните истражувања во современото земјоделско производство. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед и цел во растителната биотехнологија. Нуклеински киселини (ДНК, РНК) - хемиска природа, својства. Екстракција и пурификација на нуклеински киселини. Визуелизирање и анализа на нуклеински киселини. Клонирање и копирање. Вектори во клонирање. Ензими во клонирање. Генски библиотеки. Олигонуклеотиди. Полимеразно верижна реакција (PCR). Генетско мапирање и детекција на генетски полиморфизам. Секвенционирање. Хибридизација. Експресија на клонирани гени. Молекуларни маркери и нивна примена во генетското инженерство. In vitro култура. Вовед и значење на култура на ткиво и микропропагација. Култура на полен и микроспори. Соматска ембриогенеза. Изолација, пурификација и култура на протопласт. Фузија на протопласти и соматска хибридизација. Генетски трансформации. Етички аспекти на генетскиот инженеринг. Содржина на вежбите: Изолација на ДНК. Квантификација на ДНК. Електрофореза на ДНК. Дигестија на ДНК. Полимеразно верижна реакција (PCR). Детекција на гени со помош на молекуларни маркери. Хибридизација на ДНК. Комјутерски програми во генетско инженерство. Припрема на индуктивен медиум. Припрема на регенеративен медиум. Изолација на полен и микроспори. Трансфер на ембриони. Користење на колхицин за дуплирање на бројот на хромозомите. Техники за генетски трансформации. Видео филм за генетско инженерство. Литература: John H. Dodds, Lorin W. Roberts. (1985) Plant Tissue Culture. Cambridge University Press. UK. H. Lodish, A. Berk, S. Lawrence Zipurski, P. Matsudaria, D. Baltimore, James E. Darnell. (2000) Molecular Cell Biollogy. Fourth Edition. W.H. Freeman and Company. New York. USA. James D. Watson, J. Tooze, David T. Kurtz. (1983) Recombinant DNA. W.H. Freeman and Company. New York. USA.
Христо Дума. (1985) Генетски информации. Скопје. Авторизирана скрипта
Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди доволно познавање на студентите од практичниот дел од предметот.
Предмет: ФУРАЖНИ КУЛТУРИ (ЗФ00310)
Семестар и број на часови: VI, 3 + 2 часа, 6 кредити
Наставници и соработници: доц. д-р Татјана Прентовиќ Цел на предметот: Да се воведат студентите во техниката и технологијата на производство на фуражни култури на ораници и нивно зачувување за период кога се во дефицит. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Дефиниција и значење и задача на предметот. Поделба на фуражните култури. Едногодишни фуражни култури (мешункасти фуражни растенија и класести и житни фуражни растенија). Едногодишни фуражни растенија од други фамилии (коренесто-клубенести и тревести). Повеќегодишни фуражни култури на ораници (мешункасти фуражни растенија и класести треви). Смески на оранични површини. Искористување, подготвување, конзервирање и чување на фуражните култури(сено, силажа сенажа, растително брашно). Систем на континуирано производство на зелена добиточна храна - зелен конвеер. Содржина на вежбите: Запознавање со морфолошките и биолошките одлики на родови, видови и сорти од фуражните култури. Детерминирање (определување)семиња и хербаризиран материјал од фуражните култури. Составување смески за оранични површини. Конзервирање добиточна храна. Оценување на квалитет на конзервираната храна. Пресметување на сено, силажа и сенажа. Теренски вежби. Литература: Ивановски Р. П, 2000, Фуражно производство, Скопје; Ивановски Р. П. и сор. 1993, Практикум по поледелство со фуражно производство, Скопје; Mišković B., 1986, Krmno bilje, Naučna knjiga, Beograd. Начин на полагање на предметот: Предиспитен колоквиум преку практично познавање на видовите фуражни култури со задолжителен хербариум од растенија. По таа проверка на студентот за подготвеноста на знаењето од предметот, се полага испит.
Предмет: ГРАДИНАРСТВО- ИЗБОРЕН (ЗФ00337)
Семестар и број на часови VI, 4+3 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски Цел на предметот: Стекнување на познавања од областа на градинарското производство на отворено и во заштитен простор и поврзаноста со поледелското производство. Содржина на теоретскиот дел од предметот: 1. Општо градинарство: 1. Значење на зеленчукот, зеленчукот и градинарството како дел од растителното производство, начини на производство на зеленчук, услови за градинарско производство, градинарски реони, состојба и трендови во градинарското производство, агротехнички мерки во градинарското производство (општи агротехнички мерки, системи на растително производство во градинарството, сеидба и садење, специјални агротехнички мерки, берба, пакување и транспорт на зеленчукот, чување на зеленчукот). 2. Производство на зеленчук во заштитен простор, видови на заштитен простор, место и организација на заштитениот простор, услови за одгледување на зеленчук во заштитен простор, сеидба и садење, производство на расад, општи мерки за нега на зеленчукот во заштитениот простор, можности за користење на заштитениот простор. 2. Посебно градинарство: Класификација на зеленчуковите култури: коренови култури (APIACEAE, Lindl., CHENOPODIACEAE, Less., BRASSICACEAE, Burn., ASTERACEAE, Dum.), лукови култури (ALLIACEAE, Agrdh.), кртолести култури (CONVOLVULACEAE, Vent., SOLANACEAE, Juss., ASTERACEAE, Dum.), лиснат зеленчук (BRASSICACEAE, Burn., ASTERACEAE, Dum., HENOPODIACEAE, Dum.), плодови зеленчуци (SOLANACEAE, Juss., MALVACEAE, Lois., CUCURBITACEAE, Juss., FABACEAE, Lindl., POACEAE, Bernh.), повеќегодишни зеленчуци (ASPARAGACEAE, Juss., BRASICACEAE, Burn., ASTERACEAE, Dum., POLINOGACEAE, Lindl.), печурки. Содржина на вежбите: Лабораториски вежби. Запознавање со зеленчуковите култури, класификација на зеленчукот, основни карактеристики на семињата на зеленчуковите култури, поделба на семињата, идентификација на семињата, индивидуална задача. Конструкција на стакленик, начин на загревање. Заштитени леи и пластеници, делови, димензии, пресметка на потребни елементи за производство на топли леи. Распоред на заштитени простори, полнење на леи, пикирање. Морфолошки карактеристики на растенијата изучувани во теоретскиот дел. Теренски вежби. Запознавање со конкретна апликација на агротехничките мерки во одгледувањето на одделни култури, припрема за производство во заштитен простор, следење на процесот на доработка и пакување на зеленчук, посета на ладилници и простории за чување зеленчук. Литература: Алаџајков Л., 1966. Специјално градинарство. Универзитет "Кирил и Методиј", Скопје.; Алаџајков Л., 1983. Општо градинарство. Универзитет "Кирил и Методиј", Скопје; Лазиќ Бранка и др., 1998. Повртарство. Универзитет у Новом Саду. Литература која се препорачува: Lazić Branka i dr., 2001. Povrće iz plastenika. Partenon, Beograd; Popović M., Lazić Branka, 1989 (treće izdanje). Gajenje povrća u zaštićenom prostoru, Nolit, Beograd; Lešić Ružica, Pavlek Paula, Borošić J., 1987 (treče, izmijenjeno i dopunjeno izdanje). Povrće iz vlastitog vrta. Nakladni zavod Znanje, Zagreb. Стручни и научни трудови од областа на градинарството. Начин на полагање на предметот: Предавања, теренска настава, лабораториски и практични вежби
Предмет: ЗРНЕСТИ И КЛУБЕНЕСТИ КУЛТУРИ (ЗФ00307)
Семестар и број на часови: VI, 4+3 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Гоце Василевски Цел на предметот: Предметот ги запознава студентите со основните карактеристики и производните особености на зрнестите житни, зрнестите легуминозни и клубенестите култури, што претставува основа за нивна примена во праксата. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Стопанско значење, распространетост и општи карактеристики на житата. Пченица (стопанско значење, потекло, морфолошки и биолошки карактеристики, видови и сорти, агротехника). Јачмен (значење, распространетост, особини, видови, сорти и агротехника). Тритикале. 'Рж и овес. Пченка (стопанско значење, потекло, приноси, видови и сорти, особини, услови за производство и агротехника). Општо за заедничките карактеристики на легуминозните култури. Грав (значење и потекло, особини, сорти, плодоред, обработка на почвата, ѓубрење, сеидба, нега и прибирање). Соја (значење, сорти и агротехника). Леќа, наут, лупина. Компир (начење, систематика, особини, сорти, услови за одгледување, плодоред, обработка на почвата, ѓубрење, сеидба, нега и прибирање). Содржина на вежбите: Распознавање на културите по карактеристични особини. Морфолошки карактеристики и сортни особини. Анатомска градба и распознавање. Определување на фазите на пораст и етапите на органогенеза кај житата. Пресметување на потребната количина и видот на минерални ѓубрива за ѓубрење на одделни култури. Определување на количествата семе за сеидба кај житата. Пресметување на хранлив простор, распоред и број на растенија по 1 ha кај одделните култури. Литература: М. Гугувчевски и сор.: Зрнести и клубенести култури. Универзитетски учебник, Скопје, 1972. Група автори: Посебно ратарство. Београд, 1986. Г. Василевски: Зрнести и клубенести култури. Практикум, Печатница "Гоце Делчев", Скопје, 1994. Г. Василевски: Ориз. Монографија, "Трибина македонска", Скопје, 1997. Начин на полагање на предметот: Се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: ИНДУСТРИСКИ КУЛТУРИ (ЗФ00308)
Семестар и број на часови: VI, 4+3 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Петар Егуменовски, доц. д-р Зоран Димов Цел на предметот: Предметот ги воведува студентите во технологијата на одгледување на индустриските култури со карактеристичните нивни претставници, што претставува основа за добивање високи, стабилни и рентабилни приноси. Содржина на теоретсиот дел на предметот: Вовед. Поделба и значење на индустриските култури. Застапеност на индустриските култури во светот и Р. Македонија. Култури за производство на влакно (памук, коноп, лен, јута кенафа, абутилон, рамија, брнистра, сизал, манила), значење, сорти агротехника, услови за одгледување и очекуван принос. Култури за производство на масло (сончоглед, афион, сусам, кикирики, маслодајна репка, рицинус, сафлор, леник, лалеманција, перила, нуг), значење, сорти агротехника, услови на одгледување и очекуван принос. Култури за производство на шеќер (шеќерна репка, шекерна трска и цикорија), сорти, агротехника анатомска градба на коренот од шеќерната репа и принос на шеќер. Хмељ, подигање на хмењни насади и одгледување на хмељ во првата и втората година. Ароматични, зачински и лековити растенија. Каучуконосни Култури. Содржина на вежбите: Застапеност на наведените култури во Р. Македонија. Запознавање со морфолошките одлики на секоја култура одделно. Практично познавање на индустриските култури. Одредување параметри кои влијаат врз квалитетните својства на влакнодајните kултури односно шеќерна репа. Литература: Индустриски култури. Ѓорѓески, Ј. Универзитет Кирил и Методиј, Скопје, 1975. Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди доволно познавање на студентите од практичниот дел на предметот.
Предмет: ТРЕВНИЦИ (ЗФ00309)
Семестар и број на часови: VI, 2+ 2 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Петре Р. Ивановски Цел на предметот: Да се воведат студентите во законитоста на тревниците (природни, сеани и специјални), нивно подобрување и правилно користење што претставува основа за рентабилно сточарско производство и зачувување на човековата животна и работна средина. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Значење и распространетост на тревниците. Поделба на тревниците според постанок, начин на користење и место каде се наоѓаат. Поважни видови во природните тревници, класести треви од фамилијата Poaceae, мешункасти од фамилијата Fabaceae и од останатите фамилии (полезни, штетни или плевели и отровни). Начин на користење и унапредување на тревниците. Растителни заедници кај прородните тревници. Тревно- детелински смески и подигање сеани тревници. Тревници за заштита од ерозија. Специјални тревници. Инвентаризација на тревниците. Содржина на вежбите: Запознавање со позначајните видови од природните тревници: класести, мешункасти и останати (корисни, плевели или штетни и отровни). Определување на видовите во бесцветна состојба и преку семе. Методи за определување на квалитетот на тревниците и продуктивност. Методи на користење на тревниците. Составување на тревно-детелински смески. Специјални тревници. Инвентаризација на тревниците. Теренски вежби. Литература: Фуражно производство, Ивановски, П., Скопје, 2000; Практикум по поледелство со фуражно производство, Ивановски, П. со сор., Скопје, 1993; Крмно биље, Мишковиќ, Б., Научна књига, Београд 1986; Материјал од предавања и вежби. Начин на полагање на предметот: Испитот се полага после положен колоквиум за кој се изработува и хербариум.
Предмет: ОДРЖУВАЊЕ НА ГЕНОФОНДОТ ВО ПОЛЕДЕЛСТВОТО И
ГРАДИНАРСТВОТО - ИЗБОРЕН (ЗФ00311) Семестар и број на часови: VI, 3+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Цане Стојковски, проф. д-р Соња Ивановска, асс. м-р Љупчо Јанкулоски Цел на предметот: Предметот ги воведува студентите во значењето и одржувањето на растителните генетски ресурси, а во смисла на користењето на генофондот во пракса претставува надополнување на предметите селекција на растенијата и семепроизводство. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Улога на конзервацијата на генетските ресурси. Цел на конзервација. Модели на конзервација. Конзервациони методи и техники. Ex situ конзервација. In situ и on-farm конзервација. Колекционирање на локални сорти и диви претходници на културните видови. Полски колекции. Големина на примерокот и регенерација зависно од културата. Услови на конзервација на семе. Конзервација на примероци во ин витро услови. Конзервација на полен. Конзервација на ДНК. Копмлетирање на пасошки податоци за материјалот. Карактеризација на материјалот по однос на морфолошки својства. Евалуација на материјалот по однос на биолошки и продуктивни својства. Документирање на примероците и користење на програми од светските датабази. Размена на материјал со други ген банки. Употреба на колекциите во ген банките за селекциони цели. Содржина на вежбите: Утврдување приоритетни култури и соодветни методи за нивна конзервација. Одредување точна локација за време на колекционирањето, по GIS системот. Посета и работа со полски колекции. Користење на дескриптори за различни култури издадени од Меѓународниот институт за растителни генетски ресурси за карактеризација и евалуација. Посета на ладни комори за краткорочно и долгорочно чување на растителен материјал. Проверување на ‘ртливост на примероците. Внесување податоци во датабазите. Користење податоци од европски и светски датабази. Литература: Авторизирана скрипта; Principles and Practice of Plant Conservation. Chapman&Hill, London, 1995. Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди дека студентите имаат доволни познавања од практичниот дел од предметот.
Предмет: СЕЛЕКЦИЈА НА РАСТЕНИЈАТА (ЗФ00500)
Семестар и број на часови: VII, 4 + 2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Љубомир Маринковиќ Цел на предметот: Предметот има за цел да ги запознае студентите со методите за создавање на нови сорти кај растенијата, што претставува основа за технолошките предмети и нивна примена во производството. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Значење и задача на селекцијата. Селекцијата и другите научни дисциплини. Почетен материјал во селекцијата. Ген центри. Интродукција и аклиматизација. Поим за сорта, хибридна сорта, клонова сорта и популација. Размножување на културите (образување полови органи, опрашување и оплодување, генеративно и вегетативно размножување). Методи на одбирање од природни и локални популации (автогамни, ксеногамни и култури кои вегетативно се размножуваат). Методи за создавање на нови генотипови (хибридизација, индуцирани мутации, полиплоидија, култура на ткиво). Постапка со вештачки добиените популации. Инцухт. Примена на хетерозисот. Тестирање на добиениот материјал на биотски и абиотски фактори. Методи на полски опити. Биометриски методи. Пријавување, признавање и регистрирање на нови сорти. Специјален дел: Методи на селекција кај житни, индустриски и фуражни култури. Содржина на вежбите: Избор на елитни растенија на поле и нивна лабораториска анализа. Шеми - методи на одбирање од природни и вештачки популации кај автогамни, ксеногамни и култури кои вегетативно се размножуваат. Поставување полски сортни опити. Анализа на квантитативните својства. Примена на одделни биометриски методи во селекцијата. Литератира: Принципи и методи оплемењивања биља. (1992) С. Боројевиќ. Белград. Практикум по селекција. (1997) Цветанка Најчевска. Скопје Авторизирани копии од предавањата. Начин на полагање на предеметот: Се изведува усно со претходно положен колоквиум.
Предмет: ФИТОПАТОЛОГИЈА СО ФИТОФАРМАЦИЈА (ЗФ00501)
Семестар и број на часови: VII, 4 + 2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Петар Јованчев, асс. м-р Владимир Стојановски, пом. асс. Билјана Кузмановска Цел на предметот: Воведување на студентите во теориско и практично запознавање на општата и специјалната фитопатологија, општата и специјалната фитофармација (фунгициди). Содржина на теоретскиот дел на предметот: Општ дел: Поим за растителни болести и економско значење. Причинители на растителни болести. Основни карактеристики на фитопатогените: габи, бактерии, вируси, рикеции и виши паразитни цветници. Симптоматологија. Паразити и паразитизам во растителниот свет. Патогенеза. Епифитотиологија. Отпорност на растенијата кон патогените. Мерки за сузбивање на патогените. Фитофармација: местото и улогата на фунгицидите во заштитата на растенијата.Контактни фунгициди. Стемични фунгициди. Антибиотици како фунгициди. Механизам на дејството на фунгицидите, толерантност на патогените кон фунгиидите, отровност на фунгицидите, фитотоксичност на фунгицидите, резидуално дејство, толеранца и каренца. Биолошко спречување на растителните болести. Примена на биотехнологија во растителната патологија. Специјален дел: Микози: Царство: Фунги, Оддел: I. Myxomycota, Оддел: II. Eumycota, пододдел: 1. Mastigo- mycotina, пододдел: 2. Zygomycotina, поддодел: 3. Ascomycotina, пододдел: 4. Basidiomycotina, пододдел: 5. Deuteromycotina. Бактериози, вирози, фитоплазми и паразитни цветници. Мерки за заштита на поледелските култури. Содржина на вежбите: Запознавање со морфолошките и биолошките карактеристики на одделните причинители на на растителните болести. Распознавање на поважните болести на хербаризиран материјал. Теренски вежби за запознавање на студентите со болестите на поледелските, фуражните, индустриските култури и тутунот присутни во нашата земја и начините за нивно сузбивање. Литература: Ф. Пејчиновски: Земјоделска фитопатологија (0пшт дел), 1996. М.Јосифовиќ: Пољопривредна фитопатологија, Београд, 1964. М. Ивановиќ: Микозе биљака, Београд, 1992. М. Арсенијевиќ: Бактериозе биљака, Нови Сад, 1997. Д. Шутиќ: Биљни вируди, Београд, 1980, Вирозе Билјака, 1983, Београд. Agrios: Plant pathology, London, 1988,1998. П. Јованчев: Предавања. Начин на полагање на испитот: Се полага колоквиум и устен испит.
Предмет: СКЛАДИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ПОЛЕДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
- ИЗБОРЕН (ЗФ00502) Семестар и број на часови: VII, 3+2 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Гоце Василевски, доц. д-р Дане Бошев Цел на предметот: Запознавање на студентите со складирањето и чувањето на поледелските производи. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Складирање и чување на поледелските производи од прибирањето до преработката. Објекти и опрема за складирање на зрното. Видови складишта, силоси, опрема на складиштата. Прием, чистење и складирање на зрното. Промени при чувањето на зрното. Складирање на пченка, компир и шеќерна репа. Заштита од складишни штетници. Заштита од пожари. Содржина на вежбите: Складишта за чување на поледелските производи од прибирање до преработка. Литература: Г. Василевски: Преработка на поледелски производи. Универзитетски учебник, Скопје, 1999. Г. Василевски: Ориз. Монографија, "Трибина македонска", Скопје, 1997. Начин на полагање на испитот: Се полага устен испит.
Предмет: АГРОМАРКЕТИНГ - ИЗБОРЕН (ЗФ00503)
Семестар и број на часови: VII, 2+0 часа, 6 кредити Наставници и соработници: проф. д-р Веџија Усалески, доц. д-р Ненад Георгиев Цел на предметот: Предметот ги запознава студентите со маркетиншкиот пристап во работењето на претпријатијата, каде што во фокусот се зема маркетинг концепцијата на производството. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Определување на суштината и значењето. Поим и дефиниција на маркетингот. Развој ан маркетингот како научна дисциплина. Предуслови за појавување и развој на маркетинг концепцијата. Основни фактори од кои зависи примената на маркетингот. Примената на маркетингот во наши услови. Потрошувачката и купувањето на пазарот. Основните компоненти на пазарот. Прибирање на информации за донесување на одлуки во маркетингот. Содржина (функции и инструменти) на маркетингот. Производот во маркетинг концепцијата. Дистрибуција. Политика на цени. Промоција. Управување со маркетинг активностите. Организација на маркетингот. Маркетинг во меѓународниот промет. Втор дел. Поим и значење на агромаркетингот. Чинители на прометот. Механизам и организација на прометот. Трговија со земјоделски производи и нејзината поделба. Пазарни институции во прометот. Начини на одбележување на производите во прометот. Здравствена исправност на прехрамбените производи. Политика и механизмот на цените. Контрола на пазарните односи. Мерки за ограничување на трошоците на прометот. Светски и меѓународни организации и договори од значење за производство и промет на храна. Поважни пазарни показатели и услови на прометот на земјоделски производи. Светски пазар на земјоделски производи. Содржина на вежбите: Не се предвидени. Литература: Маркетинг. Б.Јаќоски. Економски факултет Скопје, 1997. Авторизирани предавања од проф. д-р Б.Анакиев, Библиотека на земјоделски факултет - Скопје. Трзисте и промет полјопривредних и агроиндустријских производа. Томин А. Гјоровиц М. НИР "Задруга" Београд, 1985. Начин на полагање на предметот: Испитот ќе се изведува етапно по пооделни партии неколку пати во семастарот, преку соодветни тестови.
Предмет: ЕНТОМОЛОГИЈА СО ФИТОФАРМАЦИЈА (ЗФ00504)
Семестар и број на часови: VII, 4+2 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Ефтим Анчев, пом.асс. Билјана Талеска Цел на предметот: Во наставата по предметот Ентомологија со фитофармација студентите од поледелската насока треба да ги научат штетниците што ги напаѓаат поледелските култури. За ова претходно мора да се запознаат и со општата ентомологија. Покрај солидното познавање на штетниците на поледелските култури студентите ќе ги научат и и практичните постапки при сузбивањето на штетниците. Содржина на теоретскиот дел од предметот: Вовед. Дефиниција на инсектите како животинска група. Таксономија на инсектите. Општа градба на инсектите. Анатомија на инсектите. Физиологија на инсектите. Сетива. Органи за секреција. Егзокрини и ендокрини систем. Размножување и развиток на инсектите. Генерации на инсектите. Прекини во развитокот: hibernacija, estivacija, dijapauza. Полиморфизам кај инсектите. Методи за борба против инсектите: Хемиски методи (фитофармација), Агротехнички, Биолошки, Механички и Физички методи. Интегрални методи во борба против инсектите. Apterygota, Ephemeroptera, Odonata, Orthoptera (=Saltatoria), Dyctiopera, Dermaptera, Grylloblatoidea, Thysanoptera, Hemiptera, Homoptera, Lepidoptera, Coleoptera, Diptera, Hymenoptera. Содржина на вежбите: На вежбите преку практична работа со инсектите студентите ќе се запознаат со морфологија, анатомија, размножувањето и развитокот на инсектите. Групирани по култури ќе се извежбаат сите инсекти штетници според нивната систематска припадност. Изработка на инсектариум. Литература: Танасијевиќ, Тошиќ, Анчев. Скопје 1987: Општа ентомологија; Танасијевиќ, Илиќ. Београд 1978: Општа и Посебна Ентомологија; Вукасовиќ et alt. Штеточине у биљној производњи; Ковачевиќ: Примењена Ентомологија I i II део. Zagreb 1962; Постоловски и соработници, Скопје 2001: Преглед на пестициди регистрирани во Р. Македонија. Начин на полагање на предметот: Испитот се состои од практичен дел и теоретски дел. На практичниот дел студентите се должни да презентираат инсектариум и да го покажат знаењето на проучуваните штетници. На теоретскиот дел се проверува целокупното знаење на студентите од ентомологијата.
Предмет: ЕКО-ПОЛЕДЕЛСТВО (ЗФ00505)
Семестар и број на часови: VII, 2 + 2 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: доц. д-р Татјана Прентовиќ Цел на предметот: Предметот ги опфаќа најважните поледелски култури кои се произведуваат на територијата на Република Македонија. Се изучува нивната биологија и морфологија, стопанското значење како и основните карактеристики во технологијата на нивното одгледување. Целта на предметот е да даде основа за нивна примена во праксата што подразбира добивање на високи и стабилни приноси. Целиот процес при одгледување на овие култури се темели на принципот да се добие висок принос и квалитет со минимално вложување и апликација на хемиски средства (аспекти на органското производство или одржливото земјоделство). Содржина на теоретскиот дел на предметот: Значење на растителното производство за исхрана на луѓето и негови карактеристики. Поделба и значење на поледелските (нивските) култури. Стопанско значење на житните култури и нивни позначајни претставници. Зрнести мешункасти и клубенести култури и нивни позначајни претставници. Индустриски култури, нивна поделба и позначајни претставници. Ароматични, зачински и лековити растенија. Фуражни култури, нивна поделба и позначајни претставници. Тревници (ливади и пасишта). Содржина на вежбите: Запознавање со морфологијата на видовите опфатени со теоретскиот дел на наставата. Литература: Василевски, Г. 2003. Зрнести и клубенести култури, Скопје. Егуменовски, П. 1998. Специјално поледелство, Скопје. Ивановски, Р. П. 2000. Фуражно производство, Скопје. Начин на полагање на предметот: Се полага устен испит по утврденото познавање на практичниот дел од предметот.
Предмет: СЕМЕПРОИЗВОДСТВО- ИЗБОРЕН (ЗФ00600)
Семестар и број на часови: IX, 3 + 1 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Љубомир Маринковиќ Цел на предметот: Предметот има за цел да ги запознае студентите со биологијата на семето, негово размножување и одржување преку производство на разни категории како и неговите квалитетни својства, што претставува основа за технолошките предмети. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Задачи и организација на семепроизводството. Законски прописи во областа на семепроизводството. Поими за сорта и нивно признавање. биологија и морфологија на семето. Стручна контрола и признавање на семенски посеви. Доработка и чување на семето. Методи за одредување на квалитет на семето. Маркетинг во семепроизводството. Производство на сортно и хибридно семе кај одделни култури - житни, индустриски, фуражни и др. Содржина на вежбите: Запознавање со законските прописи во областа на семепроизводството. Биологија и морфологија на семето. План за семепроизводство кај одделни култури. Стручна контрола - апробација и формирање на соодветна документација за семето. Испитување на квалитетот на семето. Литература: Опште семенарство. (1996) М. Милошевиќ и др. Нови Сад Сјеменарство ратарских и крмних биља. (1994) И. Колак. Загреб Семенарство. М. Мариќ. Белград. Авторизирани копии од предавања. Начин на полагање на предметот: Се изведува усно со претходно положен колоквиум.
Предмет: МЕНАЏМЕНТ ВО ПОЛЕДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО (ЗФ00601)
Семестар и број на часови: IX, 3+2 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Миле Пешевски Цел на предметот: Предметот ги едуцира студентите во врска со основањето, управувањето и раководењето. За организирањето на средствата за производство, за нормирањето на трудот и за организацијата на производството на поледелските култури. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Вовед. Фактори на земјоделското производство. Организирање, одлучување, управување и раководење. Планирање и проектирање. Реонизација, специјализација на производството и големина на земјоделските стопанства. Големина и основни пропорции на поледелското производство. Мерење и оценување на интензивноста. Организација на земјишната територија. Организација на стопански двор. Организација на патна мрежа. Организација на водоснабдување. Рационална експлоатација на средствата за производство. Чинители и патишта за подигнување на продуктивноста на трудот. Нормирање на трудот и методи за нормирање. Аналитичка процена на работните места и работите. Персонален менаџмент. Вкупен приход и неговата расподела. Економски односи меѓу делови на претпријатието. Анализа на стопанската дејност. Организација на производството на стрни жита, на пченка, на шеќерна репа, на сончоглед, на тутун, на домати и на луцерка. Организација на основна и на дополнителна обработка на почвата. Организација на ѓубрење на почвата, на сеидба и на фитозаштита. Организација на берба и нижење тутун. Содржина на практичниот дел на предметот: Земјоделско-стопански проект. Годишен производно-финансиски план. Оперативен план. План за извршување на работните процеси. Утврдување на норма време и работен ефект. Рационална организација на основните работни процеси во поледелското производство. Литература: Организација на земјоделските стопанства и организација на сточарското производство. Галев, Арсовски. Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, Скопје, 1990. Организација на поледелското производство - практикум. Пешевски, Анакиев. Земјоделски факултет, Скопје, 1995. Менаџмент во поледелското производство (авторизирани предавања). Пешевски, Земјоделски факултет, Скопје. Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди доволно познавање на студентите од практичниот дел од предметот.
Предмет: ПРЕРАБОТКА НА ПОЛЕДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ (ЗФ00602)
Семестар и број на часови: IX, 4+2 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Гоце Василевски Цел на предметот: Запознавање со преработката на поледелските производи. Содржина на теоретскиот дел од предметот: Производство на брашно и негови производи: мелничарски производи. Технолошки процеси при мелењето на пченицата, 'ржта, пченката. Лупење на зрната од житните култури. Производство на леб: суровини, изработка на тесто, ферментација, делење, формирање и печење. Проиодство на суви теста, бели, слатки и украсни печива. Производство на растителни масла: суровини, обработка на суровините, екстракција, чистење и рафинирање на суровото масло. Производство на цврсти масти. Производство на шеќер и скроб: суровини, поготовка, екстракција, чистење, сатурација, филтрирање, кристализација. Производство на слад: суровини, производство, влажење, 'ртење, сушење и доработка на сладот. Производство на пиво: суровини, технолошки процес, сладовина, алкохолна ферментација, бистрење и полнење на пивото. Содржина на вежбите: Технолошка постапка за мелење на житата. Технолошка постапка за производство на леб и бели печива. Технолошка постапка за производство на масло, шеќер, слад и пиво. Литература: Г. Василевски: Преработка на поледелски производи. Универзитетски учебник, Скопје, 1999. Г. Василевски: Ориз. Монографија, "Трибина македонска", Скопје, 1997. Начин на полагање на предметот: Се полага устен испит.
Предмет: ПОЗНАВАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ТУТУНСКА СУРОВИНА
Семестар и број на часови: IX, 2+2 часа, 6 кредити(ЗФ00603) Наставници и соработници: проф. д-р Симеон Карајанков, доц. д-р Златко Арсов Цел на предметот: Предметот ги подучува студентите за вредноста и употребната вредност на тутунот, преку изучувањето на технолошките и хемиските карактеристики, па според тоа и правилно насочат технолошките процеси на обработката на тутунот, а понатаму да се створи основа за наредната фаза, фабрикација (преработка) на тутунот. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Предмет, значење и намена на тутунската суровина. Технолошки карактеристики на тутунската суровина. Биохемиски карактеристики. Вреднување на квалитетот на тутунот (поважни услови за формирање на квалитетот на тутунот, научно оценување на квалитетот, полна кондиција, дегустација и репрезентативна хемиска анализа). Манупулација на тутунот. Ферментација на тутунот (теоретски основи, фактори за ферментација, микробиолошки процеси, знаци за ферментацијата, технологија на сезонска и индустриска ферментација). Поферментативен период. Содржина на вежбите: Лабораториско определување на: влага, структура, нерватура, материјалност, волуменска тежина, дензитет и полнечка способност, хемиски состав. Определување на ферментираност и каталазна активност на тутунот. Органолептичка проценка на тутунската суровина. Литература: 1. Боцески Д. 1984. Познавање и обработка на тутунската суровина, Прилеп 2. Боцески Д. 1996. Познавање на ферментацијата на тутунот, Стопански печат д.о.о., Скопје Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди доволно познавање од практичниот дел (колоквиум) на предметот.
Предмет: ФАБРИКАЦИЈА НА ТУТУНОТ- ИЗБОРЕН (ЗФ00604)
Семестар и број на часови: IX, 2+1 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: проф. д-р Симеон Карајанков, доц. д-р Златко Арсов Цел на предметот: Предметот има за цел да ги подготви студентите за последната фаза од комплексната тутунска индустрија, фабрикацијата на тутунот. Преку историскиот развиток, видовите на тутунски преработки, технологијата на нивното производство до добивањето на финален производ цигара, како и останатите тутунски преработки наменети за уживање. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Историјат на преработката на тутунот. Тутунски преработки за пушење. Тутунски преработки за жвакање и шмркање. Основни карактеристики и технологија на производство на пури, тутун за жвакање и шмркање. Видови на цигари. Цигари со мала содржина на никотин и кондензат. Биохемиски карактеристики на тутунскиот чад и поважни измени на хемиските соединенија во процесот на пушењето. Технологија на производството на цигари и шема на технолошките процеси. Прием и складирање на тутунот. Составување на тутунски хармани. Влажење на тутунот. Линии за обработка на тутунот (берлејска, вирџиниска, ориентална и линија за обработка на ребра). Сечење на тутунот. Разбивање, ладење, сушење и обеспрашување на сечениот тутун. Ароматизирање на режениот тутун. Одлежување на сечениот тутун. Изработка и пакување на цигари. Лагерување и дистрибуција. Помошни материјали и процеси во производството на цигари. Контрола и одржување на квалитетот при производството на цигари. Содржина на вежбите: Лабораториско определување на: Влага на сечениот тутун и цигари. Дензитет, полнечка способност, широчина на резот и фракционен состав на сечениот тутун. Одредување на квалитет на изработената цигара и пакување. Хемиски состав на тутунскиот чад (никотин и катран). Литература: 1. Стојановиќ С. 1967. Технологија цигарета, Београд. 2. Георгиев С. 1980. Технологија по тю тютютюнови изделия. Пловдив. Начин на полагање на предметот: Испитот се изведува откако ќе се потврди доволно познавање од практичниот дел (колоквиум) на предметот.
Предмет: ТРОШОЦИ И КАЛКУЛАЦИИ- ИЗБОРЕН (ЗФ00605)
Семестар и број на часови: IX, 2+1 часа, 6 кредитиНаставници и соработници: асс. м-р Александра Мартиновска Цел на предметот: Предметот им овозможува на студентите да добијат знаење за основните чинители на процесот на производството и репродукцијата, елементите на трошоците, аналитичките и инвестиционите калкулации во поледелското производство, како и оценката на економскиот успех на работењето на земјоделското претпријатие. Содржина на теоретскиот дел на предметот: Основни фактори (чинители) на процесот на производството и репродукцијата. Трошоци: основни елементи на трошоците: (1) материјални трошоци, (2) трошоци на амортизација, (3) трошоци на работна сила. Поделба на трошоците: според изворите на настанување, според сложеноста на структурата, според можностите и начинот на пренесувањето (директни и индиректни трошоци). Поделба според променливноста во зависност од трошењето во обемот на производството. Методи за утврдување на трошоците: калкулации (цел, поделба, претходни и наредни калкулации, макро и микро-економски калкулации). Видови на калкулации: утврдување на трошоците за користење на техничките средства за производство, аналитички калкулации на линии на производството, диференцијална калкулација, инвестициона калкулација. Проценка на постојани и основни средства. Проценка на арско ѓубре. Утврдување на показатели на економскиот успех на работењето: за вредноста на производството, за трошоци на работењето, за економските резултати (нето продукт, чист приход, добивка). Утврдување на економските показатели на годишно работење: вкупен приход, доход, чист доход. Начин на мерење на економските резултати: економичност на производството, рентабилност, продуктивност на трудот. Содржина на вежбите: Методи за проценка на вредноста на арското ѓубре. Амортизација на постојаните средства. Сложена интересна сметка. Ануитет. Економска оправданост на инвестициите. Пресметување на цената на чинење. Литература: Andrić, Jovan. Troškovi i kalkulacije u poljoprivrednoj proizvodnji. Beograd: Savremena administracija, 1998. Лазаров, Стојан, Миланов, Методи. Практикум по калкулации. Скопје: Земјоделски факултет, 1985. Начин на полагање на испитот: Наставата се состои од предавања и вежби, на кои практично се обработуваат деловите од предавањата. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Листа на лаборатории |